АЦВ има регулаторни надлежности поврзани со безбедноста и сигурноста на воздухопловните пристаништа, леталишта, терени и аеродромските услуги.

  • Сертификација на аеродроми, леталишта и терени
  • Одобрување на аеродромски услуги
  • Одобрување на аеродромски програми за олеснување, програми за обезбедување, план за тековно и инвестиционо одржување на аеродромите и други планови, програми, прирачници, упатства и сл. за аеродроми и оператори на аеродроми,
  • Континуиран инспекциски надзор:

– Инспекција на аеродроми и леталишта,

– Инспекција на аеродромски служби и услуги, и

– Инспекција на службите за обезбедување на аеродроми, авиопревозници и други субјекти од дејствија на  незаконско постапување

  • Регистрација на аеродроми, леталишта и терени,
  • Издавање на согласности со услови за градба на објекти и планови од аспект на безбедност на воздушниот сообраќај.
  • Заштита на права на патници во воздушниот сообраќај

Покрај основните работи, извршителите во секторот повремено се ангажираат како експерти на работи од домен и на други одделенија и сектори во АЦВ со решенија како членови или координатори на работни групи или комисии, од кои позначајни се следните активности

  • Лиценцирање на авиопревозници и други субјекти (дел – обезбедување),
  • Изработка на подзаконски акти и упатства од областа на воздухопловството,
  • Други комисии и активности поврзани со основните работи како аеродромските комитети за безбедност, обезбедување и за олеснување (на воздухопловните пристаништа),
  • Стручно усовршување на курсеви и учество на семинари, обуки, согласно програмата на АЦВ.

© Copyright 2019. All Rights Reserved

Developed by Unet