Насловна |Контакт |Содржина |Настани
Насловна / Настани / Проекти
ПроектиPrint this pageSmaller textBigger text size

Агенцијата за цивилно воздухопловство во изминатите две години е фокусирана на развојот на човечките ресурси како значајна алатка за напредокот и успехот на една организација. Во таа насока се реализираа проекти за обука на вработените во Агенцијата,  но исто така беа вклучени и други институции и организации од областа на воздухопловството во Македонија, Србија, Црна Гора, Турција, Албанија и Косово. Голем дел од реализираните настани беа регионално поддржани и водени од експерти од организации како  EASA, EUROCONTROL, ICAO и воздухоопловните власти на земји членки на Европската Унија.

Во периодот 2015-2016 година беа реализирани следните обуки и работилници:

 

11 јули 2016

Работилница за регулатива за интероперабилност во рамките на проектот на EUROCONTROL за поддршка на АЦВ

 

Цел: запознавање со Регулативата за интероперабилност (Регулатива на ЕК 552/2004) која дава општ преглед на рамковната регулатива, подзаконските прописи и нивната структура; системи, составни делови и спецификации; главни играчи во индустријата и нивните обврски; применети процеси и надзор.

 

Експерти: Petrik Laszlo, EUROCONTROL

ЛИНК ЗА МАТЕРИЈАЛИ

 

15-17 јуни 2016

EUROCONTROL Работилница за сертификација и дезигнација на ДУВН во рамките на проектот на EUROCONTROL за поддршка на АЦВ

 

Цел: олеснување на постапката за постигнување на целите за целосна усогласување со барањата на ECAA (Европска заедничка воздухопловна област) и транспонирање на законодавството на Единствено европско небо (SES) во Република Македонија,  запознавање и процеси на активности во врска со сертификација и назначување на ANSP.

 

Експерти: Bogdan Braguta, EUROCONTROL

ЛИНК ЗА МАТЕРИЈАЛИ

2-3 јуни 2016

EURОCONTROL Работилница за пријавување и истражување на настани во рамките на проектот на EUROCONTROL за поддршка на АЦВ

 

Цел: запознавање со механизмот на AST (Annual Summary Template), запознавање со RAT методологија и запознавање со  ЕUROCONTROL RAT Web Tool

 

Експерти: Razvan Ularescu, EUROCONTROL

ЛИНК ЗА МАТЕРИЈАЛИ

 

23-26 мај 2016

Обука „Иницијатива за виш менаџмент“ во организација на Европската агенција за воздухопловна безбедност  во рамките на Програмата EASA-IPA 3

 

Цел: учесниците имаа можност да ги освежат своите вештини и разбирање на целокупниот систем за управување во цивилното воздухопловство, зајакнување на нивните менаџерски способности за управување со ресурси - без оглед дали се технички, финансиски и деловни поврзани со системот преку примена на современи алатки за управување. Со обуката беа опфатени неколку различни елементи, вклучувајќи: промените на меѓународната агенда за воздухопловна безбедност, карактеристики на ефективни, соодветни и зрели регулатори, лидерско делување и управување со раководствени алатки.

 

Експерти:Howard Dyer (CAAi); John Clark (CAAi), Dieter Gaupmann (EASA)

 

20 мај 2016

Работилница во областа на цивилното воздухопловство за менаџмент на состојбата, евалуација и превентивни активности на аеродромските писти

 

Цел: запознавање со денешните иновативни технологии за одржување, санација и превентивни мерки на аеродромските писти.

 

Експерти: Dr. Gianfranco Battiato, President RODECO Group; Antonio Bianco, President ABICERT

20-21 април 2016

TAIEX Регионална работилница за законодавството на ЕУ во врска со надоместоците за аеродроми и системот за надоместоци за воздухопловна навигација

 

Цел: запознавање и детален преглед на клучните аспекти од правото на ЕУ во облста надоместоците за аеродроми и системот за надоместоци за воздухопловна навигација. (Принципи базинари на ICAO Doc 9082; Регулатива EC No 1794/2006-Part I,II,III; ICAO’s Airport Economics Manual Doc 9562; Directive 2009/12/EC) и олеснување на постапката за постигнување на целите за целосна усогласување со барањата на ECAA (Европска заедничка воздухопловна област)

 

Експерти: Dr. Romano Italo Pagliari, Center for Air Transport Management; Mark De Laurentiis, Head of economic analysis unit (ENAC); Giuseppina Lacriola, Director (ENAC)

 

27-28 април 2016

TAIEX Регионална работилница за пристапот до пазарот за опслужување на земја на аеродромите на Заедницата и за правата на патниците во воздушниот сообраќај

 

Цел: запознавање и детален преглед на клучните аспекти од правото на ЕУ во облста за пристапот до пазарот за опслужување на земја на аеродромите на Заедницата; општите правила за надоместок на штета и помош на патници во случај на забрането чекирање, откажан или задоцнет лет; правата на лицата со посебни потреби и лица со намалена подвижност кога патуваат со авион.

 

Експерти: Paola Masciotta, Process Management (ENAC); Cinzia Mariani, Head of Passenger’s Rights & Quality Services Unit (ENAC), Katrin Malm, Head of Service Division, Consumer Protection Board of Estonia; Deborah Maguire, Air Passenger Rights Officer Commission for Aviation Regulation Ireland

12-14 април 2016

ICAO USAP Workshop-обука на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство за постојаниот приод за следење на Универзалната програма за надзор над безбедноста

 

Цел: запознавање со новата програма за вршење на целосни инспекции на ICAO за USOAP според нов приод кој е заснован на концептот на „постојано следење“. Систематскиот и проактивниот приод на ICAO заснован на ризици, за спроведување на активностите за следење му овозможува на ICAO да продолжи да спроведува целосни инспекции, како и дополнителни активности како Координирани мисии за валидација на ICAO (ICVM). ICVM помагаат за валидација на напредокот остварен од страна на земјите во однос на решавање на безбедносните недостатоци идентификувани при целосните инспекции за USOAP.

 

Експерти: Waj Beg, Drazen Gardilcic од ICAO

ЛИНК ЗА МАТЕРИЈАЛИ

 

3-4 февруари 216

TAIEX Регионална работилница во областа на ЕУ регулативите поврзани со пловидбеност на воздухоплови

 

Цел: запознавање и детален преглед на клучните аспекти од правото на ЕУ поврзани со пловидбеност на воздухопловите (Регулатива ЕУ бр. 1321/2014, 2042/2003, 748/2012, Part-M, Part-145. Part-66, Part-147, Part-21) и олеснување на постапката за постигнување на целите за целосна усогласување со барањата на ECAA (Европска заедничка воздухопловна област)

 

Експерти: Giuseppe Guido Recchia - Airworthiness Unit (ENAC); Bruno Moitre - Product Type Certification Project Manager (ENAC)

2 февруари 2016

Регионална работилница за апликацијата на EUROCONTROL за човечки ресурси за воздухопловна навигација

 

Цел: детално презентирање на сите аспекти на апликацијата, вклучувајќи го пристапот преку платформа OneSky, начинот на ажурирање на релевантни податоци и известување за статусот на човечките ресурси во Одделението за воздухопловна навигација. Размена на информации и можност за проширување на апликацијата за да се врши проценка на човечките ресурси, усогласени со други постоечки човечки ресурси поврзани со бази на податоци и процеси.

 

Експерти: Una Mellet - HR Management Expert at EUROCONTROL,

ЛИНК ЗА МАТЕРИЈАЛИ

25-26 јануари 2016

Обука за системи за управување со безбедноста

Цел: запознавање со ICAO, Annex 19 и Doc.9859, елементи на безбедност, менаџирање со системите за безбедност (SMS), менаџирање со безбедносни ризици, пријавување на настани, државна програма за безбедност, безбедносни групи.

 

Експерти: Rosario Concilio, Head of Safety Unit, Giuseppe Frati, Civil Aviation Inspector, ENAC

ЛИНК ЗА МАТЕРИЈАЛИ

9 декември 2015

Обука за воздухопловна навигација во рамките на ИСИС II

 

Цел: запознавање со законската рамка и регулатива на ЕУ поврзана со политиката на Единственото Европско небо; функцијата на ДУВН, организација, задачи, одговорности и способности; планирање и чекори за креирање на првичен план на преформанси; следни активности на ISIS II и техничка помош.

 

Експерти: Tomislav Mihetec, IPS ; Kristian Sipilainen, IPS

 

2 декември 2015

TAIEX работилница во областа на истражување на воздухопловни несреќи и инциденти

 

Цел: запознавање и детален преглед на клучните аспекти од правото на ЕУ во областа на истражување на воздухопловни несреќи и инциденти со цел да се подобри работењето на националните комитети за  истражување на воздухопловни несреќи и инциденти во регионот. Запознавање со практични примери на европските власти за истрага и безбедност и создавање на основа за соработка и размена на искуства.  

 

Експерти: Sotir Kostov - President of the Committee for investigating aviation accidents and serious incidents, Macedonia; Philippe Plantin de Hugues- Special Adviser on International Affairs/ Senior Safety Investigator (BEA)

23-24 ноември 2015

TAIEX работилница за ЕУ ОПС и ЕАСА ОПС во цивилното воздухопловство

 

Цел: запознавање и детален преглед на клучните аспекти од правото на ЕУ во областа на летачката оператива (OPS 1 со практични примери, новата EASA-OPS регулатива и примената на AMC, GМ-Part I и GM-Part II) и олеснување на постапката за постигнување на целите за целосна усогласување со барањата на ECAA (Европска заедничка воздухопловна област)

 

Експерти: Philippe Bernaudin - Aeronautical expert; Captain Roberto Serpieri – Flight Operations Instructor (ENAC); Mario Tortorici – Head of Flight Operations and Dangerous Goods Unit (ENAC)

4-5 ноември 2015

TAIEX работилница за правото на ЕУ во областа на воздухопловното обезбедување.

 

Цел: запознавање и детален преглед на клучните аспекти од правото на ЕУ во областа на воздухопловното обезбедување (Регулативи ЕУ бр. 300/2008, 2320/2002, 1254/2009, 185/2010, 272/2009, 72/2010) и олеснување на постапката за постигнување на целите за целосно усогласување со барањата на ECAA (Европска заедничка воздухопловна област)

 

Експерти: Cornelia Ludorf - Regional Officer, Aviation Security/Facilitation ICAO – EUR/NAT Office; Aleksandar Yankov - AVSEC Instructor

6-7 јули 2015

Основа на управување со проект

 

Цел: управување со проектен циклус, пристапот на логичка рамка, градење на успешна соработка, разбирање на повик за предлози, развој на ефективни идеи за проекти, пишување и поднесување на проектот до Европската Унија, најдобри практики и научени лекции.

 

Експерти: Greta Antonova, Project Management Consultant; Alexander Yankov, ICAO AVSEC Expert & Instructor

ЛИНК ЗА МАТЕРИЈАЛИ

Send this page to a friendИспрати до пријател
topГоре
CAA Macedonia | Dame Gruev 1, 1000 Skopje | Phone + 389 2 3114 046 | Fax + 389 23 115 708
© 2005 Civil Aviation Agency. All rights reserved | Terms of Use | Privacy Policy.developed by artistika