Насловна |Контакт |Содржина |Настани
Насловна / За нас / Директор
ДиректорPrint this pageSmaller textBigger text size

 

Со одлука на Управниот одбор на АЦВ, на 09.01.2015 година,  м-р Горан Јандреоски, МБА, е именуван за директор на Агенцијата за цивилно воздухопловство.

Г-дин Јандреоски за прв човек на АЦВ, доаѓа од позицијата менаџер за одржување во ТАВ Македонија, функција која ја обавувал од март 2010-тата година.

Дипломирал на Факултетот за електротехника и информациски технологии на Универзитетот Св. “Кирил и Методиј” во Скопје, каде и магистрал во областа на елетротехниката и информациските технологии., со магистерскиот труд
насловен како: "Мерни инструменти во опремата за мерење коефициент на триење на полетно слетна патека.

Во 2013 година завршил и МБА за воздухопловство на Универзитетот Дунав во Кремс - Австрија.

Од февруари до 12 декември 2014 година, како искусен лидер во својата област, бил назначен да работи на  проектот за Загребскиот интеренационален аеродром, во делот на имплементацијата на  аеродромскиот систем за светлосна сигнализација на полетно-слетна патека, проценка управувана од АДПМ и ТАВ за МЗЛЗ.

Во неговото професионално портфолио, има набележано серија на работни обврски кои ги обавувал на аеродромите во Скопје и Охрид, во делот на одржување на аеродромската инфраструктура, терминалните и административните згради на двете македонски воздушни пристаништа, хангарите, специјалната опрема, електричните кола, системите за ладење и имплементација на стандардите за еколошки одржлива животната средина.

Низ својата долгогодишна професионална кариера, Јандреоски, се стекнал и со низа на меѓународни сертификати во повеќе свери од професионалното работење.Како што се, Сертификатот издаден од ТАВ Академијата за Услуга фокусирана кон клиентите, Diversity Management Crash Course – Certificate издадено од Term-Net- Интернационалната мрежа за терминологија пронаоѓач на European Diversity Management, Виена Австрија, Сертификатите ISO 9001:2008/ ISO 14001:2004/ ISO 10002:2004 издадено од Management System Solutions, Истанбул-Турција и за систем за управување со безбедноста (SMS) на аеродроми, издаден од AirEuroSafe, поддршка на имплементацијата на Европско заедничко небо договор за Западен Балкан во Тулуз Франција. Поседува и Сертификат за инспектор за национална безбедност на Аеродроми, издаден од
AirEuroSafe, поддршка на имплементацијата на Европско заедничко небо договор за Западен Балкан, Вилепинте, Франција, а го посетил и тренинг курсот за управување и оддржување на возилото тестер за коефициент на триење на писти.

Од 2007 година до 2010 година, бил вработен во Јавното претпријатие за аеродромски услуги. Од 1995 до 1997 година, пак, професионално бил ангажиран како инжинер за информатика, во компанијата за дистрибуција на нафтени деривати “Макпетрол” во Скопје.
Професионален ангажман Јандреоски бележи и во компанијата ГАМА, во  Одделот за гасификација, бил активен учесник во преговорите со ЕБРД и консултант за гасификација на Р.М, а партиципирал и во изградбата на главниот цевковод.

Send this page to a friendИспрати до пријател
topГоре


CAA Macedonia Newsletter


CAA Macedonia | Dame Gruev 1, 1000 Skopje | Phone + 389 2 3114 046 | Fax + 389 23 115 708
© 2005 Civil Aviation Agency. All rights reserved | Terms of Use | Privacy Policy.developed by artistika