Насловна |Контакт |Содржина |Настани
Насловна / За нас / Членство во меѓународни организации
Членство во меѓународни организацииPrint this pageSmaller textBigger text size

Република Македонија е членка при следните меѓународни организации:

ICAO - International Civil Aviation Organisation

ECAC - European Civil Aviation Conference

EUROCONTROL - European Organisation for the safety of Air Navigation

JAA - Joint Aviation Autorities

EASA - European Aviation Safety Agency

FSF- Flight Safety Foundation

ICAO - International Civil Aviation Organisation

(Меѓународна организација за цивилно воздухопловство)

Формирана е како специјализирана агенција на Обединетите нации за време на Чикашката конференција за цивилно воздухопловство, одржана на 7 декември 1944 година во Чикаго. Седиштето на оваа организација е во Монтреал, Канада и нејзина задача е, во соработката со нејзините земји членки, да обезбеди меѓународното цивилно воздухопловство да се развива на сигурен, безбеден, редовен и ефикасен начин, а врз основа на принципот на еднаквост и рамноправност на сите субјекти, учесници во воздушниот сообраќај. Во моментов во неа членуваат 190 земји. Република Македонија стана членка на оваа Организација на 09.01.1993 г.одина со прифаќање на Меѓународната конвенција за цивилно воздухопловство (тн. Чикашка Конвенција) согласно Уставниот закон од 1991 година. Повеќе податоци за структурата, работата како и документите што ги издава оваа Организација, може да се најдат на нејзината интернет страна: www.icao.org

CSA - Analysis of audit results Second Edition


 

ЕCAC- European Civil Aviation Conference

(Европска конференција за цивилно воздухопловство)

Основана е како меѓувладина организација во 1955 г. со седиште во Париз, Франција, за унапредување на континуираниот развој на безбеден, ефикасен и одржлив систем на воздушниот сообраќај во Европа. Со својата долгогодишна работа на полето на цивилното воздухопловство, со пан-европското членство и тесните врски со Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO) овозможуваат таа да служи како единствен европски форум за решавање на сите крупни прашања од сферата на воздухопловството. Република Македонија стана земја членка на Организацијата на 03.07.1997 г. Во неа членуваат 44 земји, речиси цела Европа и повеќе податоци за структурата, работата и документите што ги издава оваа Организација може да се најдат на нејзината интернет страна: www.ecac-ceac.org.


 

EUROCONTROL - European Organisation for the Safety of Air Navigation

(Европска организација за безбедност на воздушната навигација)

Формирана е во 1960 г., со седиште во Брисел, Белгија, со цел да се унапреди соработката во областа на системите на контролите на летање во Европа и на тој начин да се зголемат капацитетите на утврдените коридори во високиот воздушен простор. Примарна цел на оваа Организација е воспоставување на беспрекорен, пан-европски систем за организација на воздушниот сообраќај и затоа таа претставува витален инструмент за постигнување на највисоки стандарди во оваа област и водач на континуираниот развој на воздушната навигација на Европа. Таа е сочинета од 38 земји и Европската Заедница. Република Македонија стана земја членка на оваа Организација на 01.11.1998 година. Повеќе податоци за структурата, работата и документите што оваа Организација ги издава може да се најдат на нејзината интернет страна: www.eurocontrol.int


 

ЈАА - Joint Aviation Authorities

(Здружени воздухопловни власти)

Придружно работно тело на Eвропската конференција за цивилно воздухопловство (ЕСАС), со седиште во Хопдорф, Холандија, коешто ја започнува својата работа во 1970 г., со цел да се донесуваат, развиваат и спроведуваат заеднички унифицирани процедури, барања и стандарди во областа на сигурноста на воздушната пловидба. Агенцијата за цивилно воздухопловство стана членка на ова тело на 03.12.2008 година кое згасна како такво на 30 јуни 2009 година, но истото премина во Европската агенција за воздухопловна безбедност (European Aviation Safety Agency- EASA).
Интернет страна: www.jaato.com


 

ЕАSA - European Aviation Safety Agency

(Европска агенција за воздухопловна безбедност)
статус на набљудувач

Формирана е во 2003 година, но целата функционалност ја постигнува со преземањето на функциите од Здружените воздухопловни власти (ЈАА) во 2008 година. Седиштето на Агенцијата е во Келн, Германија и таа врши конкретни регулаторни и извршни задачи на полето на воздухопловната безбедност кои всушност се дел од клучните стратегии на Европската Унија за воспоставување и одржување на високи и изедначени стандарди во Европа. Мисијата на оваа Агенција е да обезбедува техничко-стручна помош за Европската Комисија со подготвување прописи за воздухопловна безбедност во најразлични сфери и техничка помош за склучување заеднички меѓународни спогодби. Агенцијата работи на полето на воздухопловната безбедност во смисла на издавање Уверенија за воздухопловни производи и организации кои учествуваат во проектирањето на воздухоплови и нивно одржување, со цел да се постигнат највисоки стандарди во пловидбеноста на воздухопловите и заштитата на животната средина. Врз основа на Мултилатералната спогодба за основање европска заедничка воздухопловна област (ЕЗВО) која Република Македонија ја потпиша во 2006 година, Агенцијата за цивилно воздухопловство потпиша Работен аранжман со оваа Агенција и обезбеди статус на набљудувач во истата. Во неа членуваат воздухопловните власти на 31 земја, а повеќе податоци за нејзината структура и работа можат да се најдат на нејзината интернет страна: www.easa.europa.eu


FSF- Flight Safety Foundation

(FSF)

Од 1947 година, Фондацијата за безбедност на летањето помага во спасување на животи низ целиот свет. Фондацијата е меѓународна непрофитна организација, чија единствена цел е да обезбеди непристрасни, независни, експертски безбедносни насоки и ресурси за авијацијата и за воздушната индустрија.
Фондацијата е во единствена положба да ги идентификуваат глобалните безбедносни прашања, да ги постави приоритетите и да послужи како катализатор за решавање на прашања преку собирање на податоци и размена на информации, образование, застапување и комуникации. Ефективноста на Фондацијата во премостувањето на културните и политичките разлики за заедничката цел која преставува безбедноста, заслужи почит низ целиот светот.
Денес, членство вклучува повеќе од 1000 организации и поединци во 150 земји. Фондацијата е со седиште во Александрија, Вирџинија, САД, има регионална канцеларија во Мелбурн, Австралија, а во моментов има филијали низ целиот светот.
На 6 ноември 2013 година Република Македонија официјално стана член на Фондацијата за безбедност на летањето.
Интернет страна: flightsafety.org

Send this page to a friendИспрати до пријател
topГоре
CAA Macedonia | Dame Gruev 1, 1000 Skopje | Phone + 389 2 3114 046 | Fax + 389 23 115 708
© 2005 Civil Aviation Agency. All rights reserved | Terms of Use | Privacy Policy.developed by artistika