Домашна авио - индустрија

  • |

Јавен воздушен превоз 
Дејноста јавен воздушен превоз е комерцијална дејност која опфаќа превоз на патници, багаж, пошта и карго за одреден надоместок под услови достапни за јавноста. 
Јавниот воздушен превоз може да биде редовен или нередовен превоз. 

Нередовниот јавен воздушен превоз може да се врши како чартер превоз или авио такси превоз. Во моментов нема домашни авиопревозници овластени од АЦВ да вршат јавен воздушен превоз. 

Превоз за сопствени потреби
Дејноста превоз за сопствени потреби е некомерцијална дејност која опфаќа превоз за потребите на самиот превозник и негови деловни партнери. Домашен превозник овластен од АЦВ за да врши превоз за сопствени потреби е Службата на Владата на Република Македонија за општи и заеднички работи ‐ СОЗР.

Контакт информации за СОЗР:
ул.Кузман Јосифовски Питу, 
тел./факс. 02 3224 269, 02 3223 065 

Специјализирани услуги со воздухоплов 
Дејностите поврзани со извршување на специјализирани услуги со воздухоплов се комерцијални дејности и опфаќаат: авиотретирање и исфрлање на хемиски средства и вода за потребите во земјоделие, шумарство, здравство, гаснење на пожари, рекламирање со воздухоплов односно влачење пароли, исфрлање на летки, снимање и слично. 

За извршување на специјализирани услуги со воздухоплови во Република Македонија, од страна на АЦВ се овластени:
- Дирекцијата за заштита и спасување
- Правното лице Бониер. 

Контакт информации за Бониер можат да се најдат на веб страна: www.bonier.com.mk 
Контакт информации за Дирекција за заштита и спасување можат да се најдат на веб страна: www.dzs.gov.mk

Воздухопловно‐спортски активности
 Воздухопловно‐спортски активности се активности кои опфаќаат
- организирање на спортски летови со цел рекреативно летање
- постигнување на спортски резултати односно натпревари
- организирање на воздухопловни манифестации и слично. 

Воздухопловно‐спортски активности извршуваат повеќе клубови и здруженија: 

1.Аероклуб "Мирко Тодоровски"‐Битола 
ул.Иво Лола Рибар" бр.4 Битола 7000 
тел / факс 047 221001 
Воздухопловни дејности: воздухопловно моделарство, ракетно моделарство, летање на ултралесни летала, падобранство, едриличарство, моторно летање 
Спортски аеродром ‐ "Битола" ‐ с. Логоварди

2. Аероклуб "Доне Божинов" ‐ Куманово 
Ул.Тане Георгиев бб. Куманово 1300 
тел/факс 03141 55 71 
Воздухопловни дејности: падобранство, едриличарство, моторно летање
Спортски аеродром ‐ "Аџитепе ‐ Режановце" ‐ Куманово

3. Аероклуб „Скопје“ ‐ Скопје 
Ул.Теодосие Гологанов бр.24 Скопје 1000
Воздухопловни дејности: воздухопловно моделарство, падобранство, едриличарство, моторно летање 
Спортски аеродром ‐ "Скопје ‐ Стенковец" ‐ с. Бразда 

4. Аероклуб "Штип" ‐ Штип 
Ул. Јосиф Ковачев бр. 82 Штип 2000 
Тел/факс 092 382782 
Воздухопловни дејности: воздухопловно моделарство, ракетно моделарство, параглајдерство, змејарство, летање со ултралесни летала, падобранство, едриличарство, моторно летање. 
Спортски аеродром ‐ "Сушево" ‐ Штип

5. Аероклуб "Прилеп" ‐ Прилеп Дом на народна техника 
Воздухопловни дејности: воздухопловно моделарство, ракетно моделарство, змејарство, летање со ултралесни летала, падобранство, едриличарство, моторно летање 
Спортски аеродром ‐ "Мало Конари" ‐ Прилеп 

6 .Аероклуб "Куманово"‐ Куманово
ул.Октомвриска Револуција" бр.32/13 Куманово
тел / факс 070 211391
Воздухопловни дејности: воздухопловно моделарство, ракетно моделарство, воздухопловно макетарство, воздухопловно едриличарство, моторно летање , хеликоптерско летање, акробатско летање, змајарство, балонарство, едрење со падобран
Спортски аеродром ‐ "Аџитепе ‐ Режановце" ‐ Куманово

7. Клуб за воздухопловни спортови "Хели ХЦ" ‐ Скопје 
Ул."АСНОМ" бр.64‐1/4 Скопје 1000 
Воздухопловни дејности: параглајдерство, змејарство 
Матичен терен: Врв‐"Водно",с.Ајватовци

8. Параглајдерски клуб "Вертиго"‐Скопје 
Ул.Михаил Чеков бр.7‐1/11 Скопје 1000 
www.vertigo.org.mk 
Воздухопловни дејности: параглајдерство
Матичен терен: Врв ‐ "Водно" , с. Ајватовци

9. Параглајдинг клуб "Делта" ‐ Прилеп 
Ул. 11 Октомври 36а Прилеп 7500 
Воздухопловни дејности: параглајдерство, змејарство 
Матичен терен: "Рибник ‐ Мечкин камен" ‐ Крушево

10. Клуб за лесни летала "Делта клуб" ‐ Прилеп 
Ул.Димо Нареднико бб. Прилеп 7500 
www.delta.paragliding.com.mk 
Воздухопловни дејности: параглајдерство, змејарство 
Матичен терен: "Рибник ‐ Мечкин камен" ‐ с. Сарандиново Крушево

11. Аеро Клуб "Младост" ‐ Струмица 
Ул. Братство и единство бр. 29 Струмица 2400 
Тел/факс 034 321 797 
Воздухопловни дејности: воздухопловно моделарство, ракетно моделарство, параглајдерство

12. Летачки Клуб " Љуботен " ‐ Тетово 
Ул. Борче Кочоски бр. 127 Тетово 1200 
Тел/факс 044 340039 
Воздухопловни дејности: параглајдерство 
Матичен терен:"Попова Шапка"‐Тетово

13. Клуб за ултралесни летала "Метаморфоза" ‐ Скопје 
Ул. Пресека бр. 29 Скопје 1000 
Воздухопловни дејности: змејарство, летање со ултралесни летала 
Спортски аеродром: "Скопје ‐ Стенковец" ‐ с. Бразда

14. Параглајдерски Клуб "Стрижак" ‐ Струга 
Ул. Мислешески пат бр. 175 Струга 6330 
Воздухопловни дејности: параглај дерство 
Матичен терен: "Три шилка" ‐ Пл. Јабланица

15. Параглајдинг Клуб "Букефал" ‐ Скопје 
Ул. Струшка бр. 146 Скопје 1000 
www.sivacroschool.com.mk 
Воздухопловни дејности: параглајдерство
Матичен терен: с. Ајватовци ‐ Скопје, "Рибник ‐ Мечкин камен" ‐ Крушево

  • CAA Macedonia
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika