Вести

  • |

МИА, 23.02.2010


„Гардијан“: Прво признание за вклученоста на Полска во „тајните летови“ на ЦИА во 2003 година


Полските власти првпат признаа за својата вмешаност за „тајните летови“ на ЦИА во 2003 година, откако варшавската контрола на летањето потврди дека имало „барем шест авиони“ на американската разузнавачка агенција што слетале во една воена база во Полска, пишува „Гардијан“.

Како што јави дописникот на МИА од Лондон, во изјава за лондонскиот весник, претставник на полската канцеларија на Хелшинската фондација за човекови права рекол дека е време Владата на Полска да ја испита својата улога во тајното префрлање на затвореници, осомничени за тероризам. Неколку години, европските организации за човекови права тврди дека Полска имала клучна улога во тајната програма за префрлање на осомничените затвореници, на разни локации во Европа и по светот, што по откривањето се претвори во скандал за администрацијата на Џорџ Буш.

Истрагата што ја спроведе Советот за Европа во 2007 година, твдеше дека најзначајните луѓе меѓу затворениците, осомничени за тероризам, биле чувани од оперативци на ЦИА во Полска воена база. Владата во Варшава и тогаш и сега тврди дека таа нама податоци за тоа дека низ полската територија се пренесуваат киднапирани луѓе, забележува „Гардијан“.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika