Вести

  • |

Вечер, 25.02.2010


Досега најмасовен генерален штрајк вчера ја блокира Грција - На улици два милиона работници!


Мотото на штрајкувачите: Бараме товарот да се распореди сразмерно, за работниците и пензионерите да не ја платат цената на кризата која не ја создале Вчера, цела Грција беше парализирана од општонационалниот штрајк на околу два милиона работници, кои по којзнае кој пат го изразија својот револт кон владината политика за максимално затегнување на работничкиот ремен, како наводен единствен начин за излегување од досега најдлабоката финансиска и економска криза во која западнала земјата.

Во Атина, Солун и другите градови на улиците излегоа десетици илјади Грци, а во главниот град на Грција дојде до судир меѓу полицијата и демонстрантите,при што, органите на редот употребија солзавец за да ги растераат штракувачите. Поради штрајкот вчера не сообраќаа: возовите, автобусите, бродовите, метрото и тролејбусите. Не летаат ниту авионите поради штрајкот на контролорите на летање, а откажани се сите предвидени летови. Во штрајкот се вклучија и цариниците, вработените во здравството и образованието, државните претпријатија, локалната самоуправа, банките и медиумите. Болниците работеа со намалени екипи и опслужуваа само итни случаи во своите ургентни центри.Без јавен превоз останаа милиони граѓани на Атина и другите градови, не работеа училиштата, не излегоа весници... "Грчкиот народ знае дека финансиите на земјата се во очајна состојба, но мерките на Владата не се чесни.

Бараме товарот сразмерно да се распореди, така што работниците и пензионерите да не ја платат цената на кризата која не ја создале" - рече Јанис Панагопулос, лидерот на моќниот синдикат ГСЕЕЈ кој е еден од организаторите на најмасовниот штрајк од доѓањето на Папандреу на власта.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika