Вести

  • |

Вечер, 25.02.2010


Застрашувачко откритие на аеродромот Пула - Рендгенот пропуштал експлозив!


Дури завчера, системот кој чини 1,5 милиони евра е исфрлен од употреба, бидејќи конечно е констатирано дека не препознавал некои видови експлозив и дволитарски плински боци во багажите кои биле "прегледани"

Животите на патниците и екипажите на авионите кои полетуваа од аеродромот Пула, речиси година дена беа загрозени, бидејќи новиот рендген и системот за контрола на багажот не препознавал експлозив, пишува "Нови лист". Оваа информација ги стаписа граѓаните не само на Пула и Истра, туку и на цела Хрватска, особено при помислата што се би можело да се случи, доколку само еден од 200.000 патници колку што годишно минуваат низ ова воздушно пристаниште, влегол во авион со експлозив.

Дури завчера, системот кој чини 1,5 милиони евра е исфрлен од употреба, бидејќи конечно е констатирано дека не препознавал некои видови експлозив и дволитарски плински боци во багажите кои биле "прегледани". Проблеми со новиот систем имало и порано, поради што доаѓало до застои во работата, но фактот дека пропушта експлозив е застрашувачки, пишува весникот и додава дека директорот Бруно Роговиќ, упорно ги игнорирал предупредувањата од вработените за неисправноста на рендгенот. Така било и при едно неформално тестирање, кога во багаж, системот не открил 200 грама од опасниот експлозив ТНТ.

"Никој нормален не би можел мирно да спие да е во нивната кожа, а тие се мртви ладни" - изјавил еден соговорник за весникот, мислејќи притоа на директорот на аеродромот, техничкиот директор, шефот за безбедност и другите раководители.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika