Вести

  • |

МИА, 12.02.2010


Зголемен бројот на летови и превоз на патници во јануари годинава споредено со истиот период лани


Во јануари годинава на аеродромите во Република Македонија е забележано зголемување на обемот на летови и превоз на патници, споредено со истиот период лани.

Од Министерството за транспорт и врски соопштуваат дека во јануари 2010 година на двата аеродрома во Република Македонија – аеродромот „Александар Велики“ во Скопје и „Св.Апостол Павле“ во Охрид остварен се 953 летови, за разлика од истиот период лани кога вкупниот број летови изнесувал 905. Во текот на јануари годинава бројот на превезени патници на аеродромите во Република Македонија изнесува 47.355, што претставува пораст од 13,5 отсто во однос на јануари 2009 година, кога биле превезени 41.723 патници. На аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, соопштуваат од ресорното Министерство, во јануари оваа година остварени се 927 летови, што претставува 5,7 осто зголемување во однос на јануари 2009 година, кога биле остварени 877 летови. Во јануари оваа година од аеродромот „Александар Велики“ биле превезени 44.822 патници, што претставува 11,5 отсто зголемување во споредба со истиот месец претходната година, кога од овој аеродром биле превезени 40.217 патници. Најголем пораст од 155,6 отсто во воздушниот сообраќај на аеродромот во Скопје е забележан во делот на чартер-линиите, односно во јануари 2010 сообраќале 161 чартер-линија, за разлика од јануари минатата годна кога сообраќале 63 чартер-линии.

На аеродромот „Св.Апостол Павле“ во Охрид, во јануари 2009 година вкупниот број на патници изнесувал 2.533 патници, што е зголемување за 68,2 отсто во однос на истиот месец минатата година. Со стапувањето во сила на договорот за концесија од први март годинава, односно модернизацијата на македонскиот аеродромски систем, се очекува дополнително зголемување на бројот на летови и патници на македонските аеродроми, се вели во соопштението од Министерството за транспорт и врски.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika