Вести

  • |

Вест, 23.02.2010


Кавга меѓу директори на контролата на летање - Ме плисна со чаша вода зашто не мислам како него


Член на Управниот одбор на М-НАВ, поранешната Контрола на летање, го плис нал со чаша вода претседателот на Управниот одбор, кој не се согласувал да би де разрешен еден од вработените Ми на ти от петокот, еден од членовите на Управниот одбор на М-НАВ, поранешната Контро ла на летање, го плиснал со чаша вода претседателот на Управниот одбор.

Беким Незири го искапел Живко Поповски во жарот на расправата за раз ре шу ва ње на еден од вработените во секторот за безбедност. Случката деновиве ја пре раскажуваат од контролори на летање до административци во М-НАВ, до авајќи дека непосредниот повод само покажал оти односите во тричлениот менаџмент на давателот на услуги во воздухопловна навигација се стигнати до точка на вриење.

Претседателот на УО Поповски, во изјава за "Вест" потврди:"Точ но е тоа што сте го слушнале. Разговаравме за предлогот на Незири да биде раз ре шен еден од вработените. Јас се спротивставив, со забелешка дека тоа е до бар работник, на што Незири ми рече дека тој одлучувал за 'неговите' . Му реков де ка безбедноста на летањето е неделива, нема 'наши' и 'ваши'. Продолжението го знаете, ме плисна со вода", ни рече вчера Поповски.За случката бил информиран и Надзорниот одбор на М-НАВ. Претседателот Дра­ган Андриевски ни изјави:"И јас бев информиран за настанот, но веднаш кажав дека ние како Надзорен од бор немаме ингеренции да го решиме проблемот. Цел УО треба да се обрати до Соб ра ние или Влада, таму треба да се расчисти. За такви проблеми има релевантни институции", изјави Андриевски.

Сепак, Беким Незири, членот на УО, негираше дека имало конфликт кој кул ми ни рал со плискање со вода."Кавгиима во секој управен одбор. Но ние сме тројца директори, и секогаш не сог ла су ва ња та се решаваат со надгласување. Јас ќе го доставам мојот предлог до УО на гласање, и ќе го прифатам решението. Немаше никакво плискање со вода, тоа е шпекулаци ја. Некој сака да ме прикаже како конфликтна личност. Не сум човек што може на 60-годишен човек да му плисне вода", ни изјави Незири.

Ескалаци ја та на односите меѓу директорите на М-НАВ стигнале и до Агенцијата за ци вил но воздухопловство. "Ги преминаа сите норми на однесување. Овде некој од надлежните треба да пресече и да ги среди работите, ако веќе не може Надзорниот одбор, кој е избран од Владата", коментираа вчера извори од воздухопловството.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika