Вести

  • |

МИА, 23.02.2010


„Луфтханза“ вети до петок целосно да ги обнови сите летови


Раководството на германската авиокомпанија „Луфтханза“ вети дека до петок целосно ќе биде обновено регулирањето на летовите, што беше нарушено со еднодневниот штрајк на пилотите, денеска изјави портпаролот на компанијата Клаус Валтер, во интервју за германската телевизија Зе Де Еф. -

На внатрешните маршрути, како што се Франкфурт - Минхен, Франкфурт - Берлин или Франкфурт - Хамбург, можеме да дозволиме дополнително уште по еден или повеќе летови. Меѓутоа, ќе мине време пред системот повторно да почне да функционира, прецизира тој.

Според Валтер, целта е до петок да се постигне 100-процентно обновување на нормалното регулирање на летовите на авиокомпанијата, која е втората по големина во Европа и прва во Германија. И покрај тоа во следните денови ќе има откажување на летови и доцнења. Претходно беше објавено дека заради технички причини денеска нема да се изведат 50 проценти од летовите, потсетува ИТАР-ТАСС.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika