Вести

  • |

МРТ, 18.02.2010


Луфтханза пред штрајк


Откажувања и доцнења на летови се очекуваат од понеделник во Германија поради штрајкот што го најавија пилотите на авиокомпанијата Луфтханза. Здружението на пилотите Кокпит денеска соопшти дека 4.000 пилоти се повикани на прекин на работата до четврток.

Поради штрајкот нема да има летови на редовните линии на Луфтханза, како и на нејзините компании Џерман Вингс и Луфтханза Карго. Вкупно 94 насто од членовите на пилотскиот синдикат гласаа за стапување во штрајк со барање за зголемување на платите за 6,4 проценти и гаранции за зачувување на работните места во Германија.

Според медиумите, ова ќе биде еден од најголемите штрајкови во историјата на Луфтханза.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika