Вести

  • |

МИА, 19.02.2010


Мал авион се урна во зграда во Остин, федералните власти на САД поведоа истрага


Вашингтон, 18 февруари (МИА) - Мал приватен авион се урна во федерална зграда во американскиот град Остин, во државата Тексас, каде се наоѓале федерални служби. Во инцидентот се повредени две лица, соопштија локалните власти, цитирани од светските агенции. Пожарникари го гасат огнот, што ја зафатил зградата по несреќата.

Телевизиските кадри прикажуваат како густ чад се крева од местото на несреќата. -Нема загинати, соопшти портпаролката на полицијата во Остин. Двајцата повредени се пренесени во болница. Непозната е судбината на третиот човек. -Федералните власти почнаа истрага. Засега нема податоци кои ќе покажат дека станува збор за терористички или криминален акт, дополни портпаролката на полицијата.

Агенциите посочуваат дека во зградата се сместени неколку федерални служби, вклучувајќи ја и даночната служба. Авионот полетал од аеродромот во Џорџтаун, северно од Остин, но бидејќи бил мал и летал на ведро време, не го претставил планот за летање, за Си Ен Ен посочи службеник на воздухопловните власти.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika