Вести

  • |

МИА, 27.02.2010


Островот Мадеира повторно зафатен од невреме, Шпанија се подготвува да силна бура


Неколку авионски летови кон португалскиот остров Мадеира, кој на 20 овој месец беше зафатен од силно невреме, беа откажани поради повторното влошување на временските прилики. Два авиони се пренасочени кон аеродромот на Порто Санто, друг остров од архипелагот Мадеира, а летот за Лисабон беше откажан. Меѓународниот аеродром на Мадира е покриен со густа магла и регистрирани се големи доцнења на летовите.

Португалскиот институт за метеорологија прогнозира влошување на времето од вечерва со силни ветрови, кои ќе достигнат до 130 километри на час и обилни врнежи. Претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Барозо, ќе го посети Мадеира на 12 март, за да го утврди размерот на штетите од бурите, кои го зафатија островот на 20 февруари, кога животот го загубија најмалку 41 лице, а судбината на 18 се уште е во неизвесност.

Локалните власти на Мадеира оценија дека невремето причини материјална штета од над една милијарда евра. Шпанија е подготвена да се справи со бурата, која се очекува и се формира над Атлантскиот океан, носејќи со себе ветрови, кои може да достигнат до 160 километри на час во западниот дел на земјата. Се очекува денеска бурата да стигне до Канарските острови, а утре изутрина до континетална Шпанија.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika