Вести

  • |

МИА, 11.02.2010


Откриена втората црна кутија на етиопискиот авион кој се урна во близина на Либан


Втората црна кутија на етиопискиот авион, кој се урна во Средоземното Море минатиот месец, е откриена, изјави висок службеник на силите за безбедност на Либан.

Авионот „Боинг 737“ се урна на 25 јануари, откако полета од Бејрут кон Адис Абеба за време на силна бура. Сите 90 патници и членови на екипажот загинаа во авионската несреќа. Либанските власти соопштија дека втората црна кутија, која содржи аудиозаписи од пилотската кабина, е откриена денеска и ќе биде испратена во Париз на преслушување.

Патничките авиони имаат две црни кутии - едната ги снима податоците за полетувањето, а другата гласовите во пилотската кабина. Првата беше откриена во неделата и испратена во Франција на анализа.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika