Вести

  • |

Вечер, 15.02.2010


Охридските Хотелиери Оптимисти - Турски ТАВ ќе го заживее туризмот во Охрид


Претставниците на ТАВ веќе еден месец работат и во делот на маркетингот. Нивните маркетиншки менаџери одржуваат состаноци низ цела Европа.

Само доколку на охридскиот аеродром има што повеќе летови, тогаш можеме да ја подобриме и туристичката дејност - вели Дончо Танески од ХОТАМ Туристичките работници очекуваат туристичко заживување на Охрид по преземањето на охридскиот аеродром од страна на турската компанија ТАВ.

Турските претставници од неодамна вршат скенирање на состојбата на аеродромот, а од наредниот месец ќе започнат и со управување со Свети Апостол Павле". Според Дончо Танески, претседател на Асоцијацијата на хотелиерските работници - ХОТАМ, состојбите во туризмот ќе се променат на подобро по преземањето на аеродромот од новиот концесионер. - Веќе еден месец претставниците на оваа компанија работат и во делот на маркетингот. Нивните маркетиншки менаџери одржуваат состаноци низ цела Европа. Само доколку на охридскиот аеродром има што повеќе летови, тогаш можеме да ја подобриме и туристичката дејност.

Големо е значењето на аеродромот и туристичката промоција за развој на туризмот - вели Танески. Дел, пак, од туристичките работници, иако сметаат дека современ аеродром е причина за успешен развој на туризмот, сепак велат дека основен проблем е и непостоењето на дефиниран туристички производ, кој треба да не промовира надвор. Според нив сите чинители на туризмот треба заеднички да работат во подобрување на климата, се со цел привлекување на туристите.

Претставниците на ТАВ веќе оствариле и неколку средби со охридските хотелиери, туристички агенции, ресторани, за изнаоѓање можности за развој на туризмот, а со тоа и на авиосообраќајот. Од охридскиот аеродром велат дека Турците се задоволни и од моменталната состојба на Свети Апостол Павле". Нивните очекувања се дека по подобрувањето на инфраструктурата на аеродромот, бројот на патници и летови значително ќе се зголеми.

Според најавите охридскиот аеродром ќе добие нова административна зграда, како и нова целокупна опрема за прифат на авионите, а ќе се прават и нови паркинзи. Засега привршуваат подготовките за преземањето на Свети Апостол Павле", а потпишани се новите договори за работа на вработените. Според директорот на Свети Апостол Павле", Борче Стефановски, никој од досегашните вработени нема да биде отпуштен од работа, ниту пак ќе му биде намален досегашниот личен доход. - Во новите договори кои се со важност од седум години, стои дека вработените како надоместок ќе примаат личен доход најмалку како оној што го примале досега - вели Стефановски.

Според договорот со турскиот ТАВ инвестицијата на охридскиот аеродром треба да се реализира за 20 месеци. Инаку, на охридскиот аеродром моментално има два лета неделно за и од Цирих.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika