Вести

  • |

МИА, 22.02.2010


Пилотите на „Луфтханза“ од вечерва стапуваат во штрајк, кој ќе трае до петок


Берлин, 21 февруари (МИА) - Пилотите на најголемата германска авиокомпанија „Луфтханза“ од вечерва стапуваат во штрајк, кој ќе трае до петок и поради кој ќе бидат засегнати 3.200 летови. Штрајкот на „Луфтханза“ ќе влијае и на работата на нејзините филијали „Џерманвингс“ и „Луфтханза карго“. Ова е најголемиот штрајк во историјата на германските авиолинии и авиокомпанијата ќе ја чини десетици милиони евра.

Во „Луфтханза“ работат 4.500 пилоти. Нивниот синдикат Кокпит во мај побара зголемување на платите за 6,4 проценти и ветување оти нема да има отпуштања. Искусните пилоти во „Луфтханза“ добиваат плата меѓу 110 илјади и 250 илјади евра годишно.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika