Вести

  • |

МРТ, 24.02.2010


Подобра патна инфраструктура, за повеќе патници на охридскиот аеродром


Подобрувањето на патната инфраструктурата од Кичево кон Охрид и од Охрид до Битола, е од големо значење за максималното искористување на капацитетите на Охридскиот аеродром.

Ова беше нагласено на средбата што охридскиот градоначалник Александар Петрески ја оствари со Неџат Курт, одговорен во менаџерскиот тим на ТАВ-Македонија, новиот сопственик на македонските аеродроми. На неформалниот прием кој се одржа вчера во Општина Охрид беа разменети мислења и очекувања за влегувањето на ТАВ-Македонија во македонското авио-сообраќај.

Се зборуваше и за Развојните планови на Општина Охрид и за инфраструктурно уредување на просторот кој гравитира кон Аеродромот Св.Апостол Павле. „Ќе соработуваме со менаџментот на вашата компанија и ќе ја имате целокупната наша поддршка“, му вети Петрески на Курт.

Охридскиот градоначалник изрази надеж дека наскоро ќе се реализираат и ветувањата на Владата за изградба на автопат кој ќе го поврзува Охрид со Скопје преку Гостивар, како и изградба на автопат кон македонско-албанската граница. Петрески потенцираше дека добрата сообраќајна поврзаност на Охрид со светот е еден од најважните услови за развојот на туризмот и стопанството.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika