Вести

  • |

Вечер, 11.02.2010


Поради интензивни снежни врнежи-Отежнат сообраќајот, доцнат авионите и возовите


Интензивните снежни врнежи што од вчераутро ја зафатија Македонија го отежнаа одвивањето на авиосообраќајот на Скопскиот аеродром и предизвикаа доцнења во меѓуградскиот и железничкиот сообраќај. На аеродромот "Александар Велики" во Скопје поради намалена видливост од снежните врнежи немаше услови за слетување.

Доцнеа дел од авионите што требаше да слетаат на аеродромот во Скопје, а дел се пренасочуваа на аеродромот "Св. Апостол Павле" во Охрид, информираат службите на скопскиот и на охридскиот аердором. Меѓуградскиот и железничкиот сообраќај се одвиваа редовно, но со доцнења.

Пристигнувањето на автобусите се одвиваше со доцнење до половина час. Според Автомотосојузот на Македонија, врнежите од снег го отежнаа и забавија сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата. Поради поинтензивни врнежи од снег и поголеми остатоци од снег на коловозот, на планинскиот превој Стража вчера напладне е воведена забрана за движење на тешките товарни возила, додека за патничките возила се препорачува употреба на зимска опрема.

Отежнато движење е забележано и на планинските превои Плетвар, Ѓавато, Буково и Пресека.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika