Вести

  • |

Утрински весник, 17.02.2010


Скенерите за тело се незаконски


Скенерите веќе се поставени на аеродромите „Хитроу“ и „Манчестер“ Употребата на скенерите за тела на аеродромите е незаконска, предупредува Комисијата за еднаквост и човекови права.

Скенерите што веќе се поставени на аеродромите „Хитроу“ и „Манчестер“ го кршат Законот за недискриминација, но и не ги почитуваат правата за приватност на патниците. Власта соопшти дека безбедносната загриженост наложуваа скенерите веднаш да бидат поставени, но спроведе процена за влијанието врз еднаквоста.

Скенерите беа воведени како одговор на наводниот обид за кревање во воздух на американски авион, на 25 декември. Меѓутоа, комисијата соопшти дека има „сериозни сомневања“ дека одлуката да се постават и на аеродромите во Велика Британија била легална. Уште се додава дека една од главните загрижености беше околу тоа како луѓето ќе бидат селектирани за скенирање.

Претседателот на комисијата Тревор Филипс изјави: „Правото на живот е најважното човеково право и ние ја поддржуваме владината ревизија на безбедносната политика. Механизмите на државата како гранични контроли, застанување и претресување и целосно скенирање на телото, се преземаат од добри причини. Но, без соодветна грижа, таквите политики на крајот ќе се аплицираат на начини што се дискриминаторски кон ранливи групи луѓе или ги нарушуваат добрите односи во заедницата“.

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи од редовите на либералдемократите Крис Хан се согласи со тоа. Тој додаде: „Власта изгледа решена да ја истурка употребата на скенерите за тела без да одговори на некои од загриженостите за приватноста и прашањата за заштита, поднесени од либералдемократите и од останатите. Комисијата е во право кога сугерира дека безбедносните мерки не можат да се воведат без почитување на владеењето на правото“. Комисијата претходно соопшти дека скенерите би можеле да не ги почитуваат правата за приватност на индивидуата, според Актот за човекови права.

Исто така, претходно му беше испратено писмо на секретарот за внатрешни работи во кое се бара во детали да ја изнесе оправданоста на воведувањето на скенерите и да разјасни какви заштитни мерки ќе бидат воспоставени. Скенерите произведуваат „голи“ слики на патниците и комисијата тогаш се изјасни дека е загрижена особено за приватноста на одредени групи луѓе, како што се инвалидите, постарите лице, децата и травеститите.

Департментот за транспорт соопшти дека ги обелоденил правила за однесување на вработените за работење со скенерите. Портпаролот изјави дека патниците што случајно ќе се одберат за скенирање нема да бидат избрани поради некои лични карактеристики. „Со оглед на сегашното ниво на опасност по безбедноста, веруваме дека е од суштинско значење веднаш да се почне со воведување на скенерите. Моментално спроведуваме процена за влијанието врз еднаквоста на правилото за употреба што ќе биде објавена по кратко време кога ќе ги почнеме јавните консултации по овие прашања“.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika