Вести

  • |

МИА, 11.02.2010


Снегот го отежна сообраќајот во Белгија, Словенија и Унгарија


Силните врнежи од снег денеска повторно го отежнаа патниот сообраќај во белгија, Словенија и Унгарија. Сообраќајот е блокиран на замрзнатите патишта во Белгија, а во источниот и јужниот дел од земјата повеќе делови од патиштата се затворени. Авионските летови од Германија, Чешка и Данска доцнат од еден до два часа.

Во Словенија поради снегот е парализиран сообраќајот речиси на сите патишта, а во некои делови од земјата снежната покривка во изминатите 36 часа достигнала височина од 50 сантиметри. Исклучително силниот ветер ги остави повеќе од илјада луѓе без струја во западниот дел на Словенија, а спасувачката служба во планинскиот регион прогласи највисок степен на готовност поради можни снежни лавини.

Снег и понатаму паѓа во Унгарија и го забавува сообраќајот во целиот западен дел од државата. Снежната покривка достигна 24 сантиметри, патичтата се лизгави, а неколку автобуски линии се во прекин.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika