Вести

  • |

МИА, 15.02.2010


Снегот откажа 60 полетувања од франкфуртскиот аеродром


На меѓународниот аеродром во Франкфурт - третиот во Европа според бројот на опслужените патници, денеска се откажани 60 полетувања заради новопаднатиот снег, соопшти портпаролот на аеродромскиот оператор „Фрапорт“ (Fraport).

Заради снегот се откажани 60 летови, од кои 30 пристигнувачки и 30 заминувачки, прецизира Валтрад Рајеман. Сосема малку летови се одвиваат според утврдениот ред на летање, а задоцнувањата се од 30 минути до три часа, дополни портапролот и подвлече дека најдолго се чека за слетување на аеродромот.

Воздушниот сообраќај во Франкфурт, каде е главниот аеродром на компанијата „Луфтханза“ (Lufhansa), во послендите неколку недели е прекинуван на неколку пати токму поради суровата зима, потсетуваат агенциите.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika