Вести

  • |

Алфа ТВ, 25.02.2010


ТАВ од 1. март ги презема македонските аеродроми


Турската компанија TAV Havalimanlari Holding A.S. и ТАВ Македонија од 1.март официјално ги преземаат македонските аеродроми под концесија во период од 20 години.

Ова денеска на прес конференција во Скопје го објави раководството на ТАВ.Финансискиот директор на ТАВ Мурат Орнекол најави дека реконструкцијата на двата аеродрома ќе започне по 15 ти март.Според договорот, идниот концесионер има обврска да изгради нова терминална зграда на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје од 40.000 квадратни метри, што е десет пати повеќе од постоечкиот објект.Покрај тоа, ќе се продолжи полетно-слетната писта за 500 метри, ќе се гради пристапен пат со нова клучка, инсталирање на нови системи за навигација, како и нов карго терминал, противпожарна станица и паркинг за авиони.

На аеродромот „Св.Апостол Павле“ во Охрид ќе се реновира постоечкиот паркинг, ќе се изгради ВИП објект, пречистителна станица, а ќе биде набавена и нова потребна опрема за аеродромот.Изградбата на карго аеродромот во Штип ќе започне во моментот кога ќе бидат извршени сите анализи околу метеоролошките услови, што според оценка на надлежните, ќе потрае неколку години.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika