Вести

  • |

Вечер, 17.02.2010


Туристичките работници од Охрид со туроператори од Холандија - Холанѓаните ќе тргнат по патот на А Ден Долард


Културниот и руралниот туризам, Охридското Езеро, а пред се приказната на холандскиот писател А ден Долард, ќе ги привлекува туристите од Холандија да се вратат на охридско-струшката ривиера.

Ова се очекувањата на туристичките работници од Македонија кои вчера во Охрид остварија средба со новинари и туроператори од Холандија.-Веќе се продаваат авионски карти во Холандија. Субвенционирањето даде силен поттик тие да се вклучат во аранжман на чартер лет до Македонија. Нивните импресии се доста позитивни. Македонија има доста што да понуди - рече Зоран Стрезоски, директор на Агенцијата за промоција и развој на туризмот. За Гоце Симоноски, раководител на општинскиот сектор за локален економски развој, бизнисот е дел од активностите кои ќе ги вршат денес хотелите и агенциите. -Наше е да ги донесеме туристите, но најбитен е маркетиншкиот дел. Присуствуваме на саеми и сконцентрирани сме кон целните групи на туристи кои континуирано доаѓаа кај нас - вели Симоноски.

Според Денис Пан, стручен советник во агенцијата Каратанова, воспоставувањето на бизнис соработка со македонските туроператори и агенции ќе придонесе од идната година Холанѓаните да уживаат во природните убавини на Македонија. -Ова е прекрасна земја и привлечна за нашиот народ - нагласи Пан.

Сопственикот на Каратанова, Васко Коциров рече дека лани биле организирани девет чартер летови и најави дека во Холандија веќе се рекламираат идните чартер летови.-Идејата за рурален туризам што ја започнав како хоби во 2003 година сега ја реализирам поорганизирано. Ова е само почеток и ако биде успешна годинава, ви гарантирам дека од идната година ќе воспоставиме и директна редовна линија со Трансавија за Амстердам - рече Коциров. Тој нагласи дека Македонија најдобро ја познаваат религиозните луѓе кои ја среќавале во библијата, но како што рече: "Се прават напори со оваа прекрасна земја да се запознаат и другите групи на луѓе, како и туроператорите". Холандската амбасадорка во земјава,

Симоне Филипини најави дека ова е првиот чекор за интензивно носење на холанските туристи како во старите добри времиња.-На ова поле интензивно работиме заедно со општините Охрид и Струга - истакна Филипини. Новинарите од Холандија денеска ја завршуваат тридневната посета во Македонија каде се запознаваа со туристичките потенцијали кои подоцна ќе ги промовираат во нивните медиумски куќи.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika