Вести

  • |

МИА, 10.02.2010


Турски авиони повторно го повредија грчкиот воздушен простор


Атина, 10 февруари (МИА) - Турски борбени авиони повторно го повреди воздушниот простор на Грција над Егејското Море, објави денеска Катимерини.

Според весникот, инцидентот се случил вчера претпладне кога четири Ф-16 и четири Ф-4 навлегле во воздушниот простор над островот Самос. Еден авион Ф-4 потоа извршил низок лет над островото Фармакониси. Амбасадата на Грција во Анкара вложи официјален протест до турските власти поради тој инцидент. Грчкиот премиер Јоргос Папандреу неодамна во писмо до турскиот колега Реџеп Таип Ердоган укажа дека таквите провокации не придонесуваат за подобрување на односите меѓу Анкара и Атина, и побара инцидентите да бидат прекинати.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika