Вести

  • |

МРТ, 23.02.2010


Француските авиодиспечери најавуваат четиридневен штрајк


Француските контролори на летови од денеска планираат да започнат четиридневен штрајк, што би требало да заврши во сабота. Контролорите се незадоволни поради намерата на Владата да ги обедини европските авиодиспечерски служби во Франција, Германија, Белгија, Холандија, Луксембург и Швајцарија.

Француските контролори стравуваат дека тоа ќе доведе до отпуштање од работа. Од Главната контрола за цивилна авијација на Франција соопштија дека штрајкот може да доведе до откажување на една четвртина од полетувањата на аеродромот „Шарл де Гол“ и околу половината летови од аеродромот „Орли“.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika