Вести

  • |

Алфа ТВ, 23.02.2010


Хаос на аеродромите во Германија


Штрајкот на пилотите на авио-компанијата „Луфтханза“ кој почна вчера предизвика хаос на повеќе аеродроми во Германија, поради што се откажани стотина летови.Само во Франкфурт на Мајна до пладне се откажани 60 летови, во Минхен преку 50, а во Диселдорф и Хамбург до крајот на денот нема да полетаат повеќе од 40 авиони на планираните линии.Најтешка е ситуацијата на аеродромот Тегел во Берлин, каде што соопштија дека можеби нема да биде остварен ни вонредниот план, кој предвидува само 28 од 70 да полетаат.

Од другиот Берлински аеродром Шенефелд нема да полетаат една третина од авионите на „Луфтханза“.Штрајкот на пилотите за кој минатата недела одлука донесе професионалното здружение „Кокпит“, ќе биде најголемото во историјата на германскиот воздушен сообраќај.Планирано е протестот на пилотите да трае четири дена.Пилотите од „Луфтханза“ бараат првенствено да им се гарантира безбедноста на работните места во Германија.

Штрајкувачите сакаат да го спречат префрлањето на летовите на странски ефтини компании кои се во нивна сопственост.Во спротивно пилотите бараат фиксниот договор кој важи за нив, да се применува и на пилотите во „Луфтханза“ компаниите и надвор од Германија.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika