Вести

  • |

А1, 23.02.2010


Штрајкуваат најголемите европски авиопревозници


Ќе има ли хаос во воздушниот сообраќај поради најавените штрајкови на повеќе клучни авиокомпании? По само еден ден неработење, пилотите од Луфтханза на полноќ привремено го прекинаа четиридневниот штрајк, откако компанијата се согласи да преговара со синдикатот.Штрајкувачите бараат компанијата да престане да им префрла летови на нејзини поевтини компании во странство и странските пилоти да добиваат германски плати.

Најголемата авио-компанија во Европа денеска ќе има редуцирани летови, а од утре се очекува сообраќајот да се нормализира.„Луфтханза ни вети преговори без условувања, а тоа значи дека нашите барања се исполнети“, изјави Винфрид Стричер, од синдикатот на пилотите.И покрај прекинот на штрајкот на пилотите, на Луфтханза и се заканува нов предупредувачки штрајк, овојпат од синдикатот на стјуардесите, кои бараат подобри работни услови и ограничување на работното време на 40 часови неделно.Најави за штрајк има и кај конкурентот „Бритиш Ервејз“.

Стјуардесите гласаа за одбрана на нивните работнички права. Датумот за прекин на работата не е најавен, но синдикатот мора седум дена однапред да ја извести компанијата за таа да може на време да обучи други вработени за да ги заменат штрајкувачите.„81 проценти од персоналот беа за да се штрајкува. Ова е исклучителен резултат со оглед на притисокот и заканите со кои се соочија нашите членови изминатите недели“, рече Лен Мекласки, од штрајкувачкиот одбор на „Бритиш Ервејз“.Отежнат авио-сообраќај се очекува и во Франција, откако синдикатот ги повикаа контролорите на летање на штрајк.

Причина за тоа се плановите на владата да изврши групирање на контролорите на летови од Франција, со оние од Белгија, Холандија, Луксембург и Швајцарија. Штрајкот би требало да трае до сабота.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika