Вести

  • |

Вечер, 22.02.2010


Штрајк на пилотите на Луфтханза - Не се погодени летовите за Македонија


Штрајкот на пилотите на германските авиокомпании Луфтханза и на Германвингс што започнува денеска и е најавен да трае до четврток, нема да ги погоди летовите за Македонија.

Луфтханза во кот-шер договори со словенечка Адриа ервејз и Аустриан ерлајнс секојдневно лета кон Скопје, но за време на штрајкот дестинациите Љубљана-Скопје-Љубљана и Виена-Скопје-Виена ќе ги обавуваат нивните партнерски авиокомпании. Германвингс пак, нема летови кон Скопје со зимскиот ред на летање.

Откако пропадна и последниот обид за преговори помеѓу работодавачите и претставниците на синдикатот на авиокомапниите, неминовно е дека денеска 4.500 пилоти на Луфтханза и нејзината компанија-ќерка Германвингс да стапат во четиридневен штрајк.

Според информациите од Луфтханза, штрајкот ќе предизвика откажување на две третини од летовите.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika