Вести

  • |

Нетпрес, 18.02.2010


Ќе продолжи потрагата по францускиот авион


Потрагата по остатоците од авионот на ЕР Франс што се урна во Атлантикот во близина на брегот на Бразил ќе продолжи во март, најавија француските власти, пренесува Би-Би-Си. Летот АФ 447 на Ер Франс од Рио де Жанеиро до Парис исчезна од радарите на 1-ви јуни 2009-тата година при што загинаа сите 228 луѓе во авионот.

Властите изјавиле дека два норвешки и американски бродови со сонари и роботи ќе бидат искористени во новата потрага. Во неколкунеделната потрагата по несреќата беа најдени неколку делови од авионот и 51 тело, но не и црните кутии. Шефот на француската Агенција за истражување на авионски несреќи (БЕА) изјавил дека има добри шанси новата потрага да ги лоцира црните кутии. Но, ставил до знаење дека нема да биде лесно. “Прво мораме да го најдеме сеното, а потоа ќе ја бараме иглата“, изјавил Жан Пол Троадек за новинската агенција АП.

Почнувајќи од средината на март двата брода ќе пребаруваат зона од 2000 километри квадратни, што Троадек ја опишал како најкомплексната подморска операција некогаш. Прелиминарните резултати покажаат дека сондите на авионот, наречени Питот цевки, дале погрешни отчитувања пред авионот да се урна во океанот, но тоа не било единствената причини за несреќата.

Новата потрага е финансирана од “Ербас“ и Ер Франс и ќе чини околу 10 милиони евра.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika