Вести

  • |

Нетпрес, 23.02.2010


24-часовен штрајк на грчките контролори на летање


Воздушните врски во Грција ќе бидат целосно прекинати поради 24 - часовниот штрајк на контролорите на летање, во среда 24 февруари, било наведено во соопштението на грчките авиокомпании и аеродромски власти, пренесува “РИА Новости“.

Грчките претставници на државниот и приватниот сектор на авиосообраќајот воздушен сообраќај одлучииле да се приклучат на планираниот штрајк во среда, против мерките на владата за намалување на буџетските трошоци. Ова е веќе втор 24-часовен протест на контролорите на летање за две недели. Водечките грчки авиокомпании "Олимпик ер" и "Егејското ерлајнс" најавиле укинување на сите внатрешни и меѓународни летови. Аеродромите во земјата, вклучувајќи го и атинскиот "Елефтериос Венизелос", нема да примаат и праќаат летови.

Грција во моментот се наоѓа под строга контрола на Европската Унија во однос на пакетот на антикризини мерки наменети за ставање под контрола големиот долг и буџетски дефицит на земјата. Синдикатите, кои имаат силни позиции во земјата се изјасниле против намалувањето на платите и подобрување на корисничките даноци.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika