Вести

  • |

МРТ, 17.03.2010


Евакуиран авион во Романија по дојава за бомба


Авион на унгарската компанија Виз Ер кој летал од западниот романски град Темишвар кон британската престолнина Лондон принудно се врати на аердоромот по наводната дојава за бомба, јавија романските медиуми. По слетувањето сите 165 патници колку што се наоѓале во авионот биле итно евакуирани и сместени на безбедно. “Сите 165 патници се евакуирани и не се во опасност. Полициски екипи во моментов прават претрес на авионот“, изјавил кусо првиот човек на аердромот во Тимишвар. Тревогата за поставена бомба била испратена само 15 минути по полетувањето на авионот по што стигнал анонимниот телефонски повик за наводна поставена бомба.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika