Вести

  • |

Нетпрес, 18.03.2010


Естонија: Полски товарен авион итно слетал на замрзнато езеро


Естонските власти соопштија дека во четвртокот полски товарен авион итно слетал на замрзнато езеро во близина на естонската престолнина поради проблеми со моторот и опремата за слетување. Портпаролот на Министерството за економија Калев Вапер изјавил дека еден од шесте членови на екипажот имал помали повреди во авионот АН26 што се упатувал од Финска за Естонија, но слетал на замрзнатото езеро поради проблеми со моторот, пренесува АП. Вапер исто така изјавил дека авионот се подготвувал да слета на аеродромот во Талин кога екипажот се соочил со неактивен дел од опремата за слетување, еден од моторите почнал да откажува, при што екипажот одлучил да го слета авионот на езерото. Естонските власти соопштиле дека овој настан ќе го истражуваат во иднина.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika