Вести

  • |

Скопје, 01.03.2010


Заедно со изградбата на новиот терминал и давањето акцент на скопскиот аеродром како регионален, се дава можност за формирање повеќе авиокомпании


Владата засега не искажала политика за формирање државна авиокомпанија веројатно водејќи се од состојбите во други држави каде претежно таквите компании покажуваат загуби и ја губат конкуренцијата со нискобуџетните, изјави за новинарите, директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство Зоран Крстевски, коментирајќи ги сугестиите од менаџерите на ТАВ, концесионер на македонските аердороми, кои сметаат дека државата треба да обезбеди национален авиопревозник за да се зголеми бројот на линии и патници.

Според Крстевски, Македонија ги следи европските стандарди во авиосообраќајот што подразбира голема либерализација, а денешното примопредавање на аеродромите на ТАВ сигурно ќе го поттикне авиосообраќајот во земјава.


- Македонија ја заврши првата фаза од европскиот договор за отворено небо. Тоа подразбира до крајот на октомври да бидеме во можност да обезбедиме т.н петта и шеста слобода за сите авиокомпании од Европа што значи дека регулацијата на слотовите на линиите ќе се префрли од Агенцијата за цивилно воздухопловство на аеродромите. Заедно со изградбата на новиот терминал и давањето акцент на скопскиот аеродром како регионален, се дава можност за формирање повеќе авиокомпании, истакна Крстевски.

Toj информира дека АЦВ со новиот закон за воздухопловство предвидува т.н. Паблик сервис облигејшен (ПСО) модел каде Владата на транспарентен начин може да објави линии и да ги субвенционира врз основа на интересите на граѓаните за поврзување со одредени европски центри како што се Брисел, Лондон, Париз... Во тој закон ќе биде дозволено и локалната самоуправа да може да инвестира во линии со што би се поттикнал и регионалниот развој, како што е случајот со Охрид и развојот на туризмот.

Прашан дали има шанси авиокомпанијата „Скај вингс“ да добие дозвола за редовен авиопревозник директорот на АЦВ одговори дека функционирањето како редовна или чартер компанија произлегува од високите европски стандарди за критериумите за безбедност и за исполнување на условите со број на авиони и посади. - Условени се и со обврска друга држава во билатерален договор да го прифати тој превозник. Отворени се постапките и со летнот ред на летање ќе се оцени дали некои од линиите ќе биде дадена во редовен авио сообраќај, посочи Кретевски.
До Агенцијата за цивилно воздухопловство моментно има апликации од две компании за добивање дозвола за пловидбеност и за работа, од МОНТ ер со бугарско-македонски капитал и МАТ ервејз со српски капитал. - Какви ќе бидат постапките зависи од исполнување на условите за добивање дозвола за летање, оцени Крстевски.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika