Вести

  • |

Нетпрес, 20.03.2010


Зголемен број на патници на аеродромите во Скопје и Охрид


Бројот на патници кои полетале од аеродромите во Скопје и Охрид во февруари годинава се зголемил за 3,6 отсто, информираат од Министерството за транспорт и врски. “Февруари 2010 година на аеродромите во Република Македонија е забележано зголемување на бројот на превезени патници, споредено со истиот период во 2009 година. Имено, во јануари 2010 година од двата аеродрома во Република Македонија – аеродромот „Александар Велики“ во Скопје и аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид се превезени вкупно 36.153 патници“, се вели во информацијата од Транспорт. Од аеродромот “Александар Велики“ минатиот месец биле преземени 33 903 патници што преставува зголемување од 1,7 отсто. Зголемен е и бројот на чартер летови за 61,7 отсто. Бројот на патници пак е зголемен за 70,6 отсто.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika