Вести

  • |

Алфа ТВ, 03.03.2010


Индија: Двајца загинати во авионска несреќа на аеромитинг


Авион на индиската морнарица се урна денеска во станбена зграда, во Хидербада на југот на Индија и при тоа загинале пилотот и копилотот, а четири лица се повредени.Авионот се урнал во текот на отворањето на петдневниот аеромитинг.„Двајцата пилоти загинаа. Не успеаја да се катапултираат од авионот. Веројатно немале доволно време за тоа, можеби пробале да направат се за да нанесат што помала штета во цивилното подрачје,“ јави агенцијата IANS, пренесувајќи ја изјавата на адмиралот Нирмал Верме.Во несреќата се повредени четири луѓе, од кои двајца се во тешка состојба, соопшти полицијата. Авионот се забил на првиот кат од една двокатница во станбено подрачје.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika