Вести

  • |

Нетпрес, 25.03.2010


Иницијатива на ЛДП за воведување на автобуска линија до Аеродромот "Александар Велики“


Кординаторот на советничката група на Либерално-демократската партија Зоран Шапуриќ, поднесе Иницијатива за воведување на автобуска линија на релација град Скопје – Аеродром “Александар Велики “. “Градот Скопје е еден од ретките градови, ако не единствен, во Европа во кој не постои никаков облик на јавен превоз до аеродром. Ова создава бројни проблеми за патниците кои полетуваат или слетуваат од Аеродромот "Александар Велики”. Поради тоа се наметнува потреба од итно воведување на редовна автобуска линија, по која автобусите би се обраќале од центарот на град Скопје до аеродромот и обратно и тоа неколку пати дневно, според редот на возење кој би бил подреден на распоредот на полетување и слетување на авионите на аеродромот. Линијата би била сосема рентабилна имајќи го предвид бројот на летовите” велат од ЛДП. Врз основа на изнесеното ЛДП предлага Советот на Град Скопје да го усвои следниот заклучок, Се задолжува градоначалникот на Град Скопје и ЈСП Скопје, итно да ги започнат активностите за воведување на редовна автобуска линија на релација град Скопје –Аеродром ,"Александар велики", во с Петровец и обратно на релација Аеродром "Александар велики" , град Скопје и одвивањето на сообраќајот по оваа линија да започне да функционира во рок од 30 дена од донесувањето на овој заклучок.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika