Вести

  • |

Алфа ТВ, 21.03.2010


Контрола на летање: Безбедноста во авиосообраќајот не е загрозена


Контролата на летање - МНАВ денеска преку соопштение ги отфрли обвинувањата на синдикатот на воздухопловните техничари дека македонското небо се контролира со застарена опрема со што според синдикатот се загрозувал квалитетот и безбедноста на авиоссобраќајот.- Безбедноста во давањето на услуги на воздухопловната навигација како и континуираното одржување на сите потребни стандарди согласно Европските критериуми е врвна обврска и приоритет на МНАВ. За континуираното одржување на потребното ниво на безбедност сведочи и фактот дека во ниту еден случај не е регистрирана поплака од било кој од корисниците на услугите на МНАВ ниту пак е регистрирано загрозување на безбедноста предизвикана од функционалноста на системите, се вели во соопштението.Во него се додава дека за нивото на безбедност и квалитетот на услугите на МНАВ сведочи и фактот дека 10-ти овој месец МНАВ бил сертифициран од страна на Агенцијата за цивилно воздухопловство за давањето на услуги согласно сите релеватни државни регулативи кои во потполност ги исполнувале високите стандарди на ЕУ. - Системот за автоматска контрола на летање во Македонија е еден од најсофистицираните во регионот и од соседните земји. Само системот во Бугарија е понов. Македонскиот систем е операционализиран во јануари 2002 и континуирано и редовно функционалноста се одржува на највисоко ниво, а одржувањето се извршува од врвни домашни и странски експерти, се истакнува во соопштението на МНАВ.Оттаму истакнуваат дека со оглед на тоа што траењето на системите за контрола на летање е од 10 до 15 години, експертите од МНАВ, во соработка со Еуроконтрол, интензивно работат на подготовка на техничката спецификација за нов систем чија имплементација се планира да биде по 2012 година, за што Управниот Одбор имал донесено одлука уште во 2009. Планирана е и имплементација на резервен систем и процедури, во согласност со Европските стандарди и регулативи, кој во случај на било каков испад на примарниот систем би овозможил континуитет во работата.- Во однос на шпекулациите за финансиското работење на МНАВ, УО со жалење констатира дека транспарентноста за начинот на работењето се користи од поединци за манипулирање со податоците. Потенцираме дека во период на глобална рецесија кога авио индустријата е една од најпогодените и секојдневно сме сведоци на информации за редукциите во овој бизнис, МНАВ со рационализација и оптимизација на трошоците, и со активниот ангажман за зголемување на бројот на прелетите и приходите, работи со цел да се избегнат штетните последици од рецесијата. Плановите за рационализација на трошоците и зголемување на бројот на прелети се доставени и до релеватните институции во Македонија, се додава во соопштението.МНАВ како лажни ги отфрла информациите дека по намалувањето на платите за невоздухопловниот персонал се реализирани нови вработувања во фирмата.- МНАВ, исто така, ги негира информациите дека УО на МНАВ не го удостоил евроамбасадорот Ерван Фуере при посетата на работните простории во контролата на летање. Напротив амбасадорот беше пречекан од страна на член на УО при што беше запознаен со работата на обласната контрола на летање, се истакнува во соопштението.МНАВ смета дека обвинувањата ги изнеле некомпетентни поединци кои „очигледно ги користат нерепрезентативните синдикални позиции за манипулирање и заплашување на јавноста за свои лични интереси, со информации кој воопшто не се во домен на синдикалните активности“.МНАВ информира дека на прес-конференцијата одржана во петокот, на која беа изнесени обвинувањата, воопшто не присуствувал репрезентативниот синдикат на контролорите на летање и ниту еден контролор на летање.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika