Вести

  • |

Дневник, 01.03.2010


„Малев“ слета во државни раце


Унгарскиот авиопревозник „Малев“ повторно ќе стане сопственост на државата откако компанијата падна во длабоки финансиски проблеми, соопшти Министерството за финансии на Унгарија при потпишувањето на договорот со акционерите.Државата на овој начин станува сопственик на 95 отсто од компанијата за да ги компензира долговите на авиопревозникот, кој лани имаше тешки последици од економската криза. Компанијата беше приватизирана во 2007 година.Руската државна банка за развој Внешекономбанк поседуваше 49 отсто од акциите во „Малев“. Другиот дел беше во рацете на унгарски претприемач.Министерството за финансии најави во наредните неколку месеци остри мерки до 2012 година по кои „Малев“ треба повторно да биде високопрофитабилна компанија.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika