Вести

  • |

Дневник, 10.03.2010


Патниот сообраќај отежнат,Аеродромите отворени


Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ Македонија се одвива отежнато и забавено поради остатоци од снег на коловозите. Авиосообраќајот по вчерашниот прекин поради врнежите од снег е нормализиран, а со доцнење се одвиваат и меѓуградскиот и железничкиот превоз. Автомотосојузот на Македонија информира дека поради поголеми остатоци од снег на коловоз има забрана за движење за тешките товарни возила на планинските превои Пресека, Стража, Маврово, Ѓавато, Плетвар и на патните правци Струга – Ќафасан, Струга – Дебар - Маврово и Крива Паланка - Деве Баир, а за сите останати возила задолжителна е употребата на зимска опрема. Задолжителна е употребата на зимска опрема и на планинскиот превој Буково. Поради ниските температури, има појава на голомразица на планинските превои, низ клисурите и на осојничавите места. На возачите им препорачуваме крајно внимателно возење, прилагодување на брзината на движење на лизгавите и со остатоци од снег коловози, и одржување на потребното растојание помеѓу возилата. Особена внимателност низ клисурите и планинските превои, каде е почеста појавата од одрони и лизгања на земјиште. Ова особено се однесува за патните правци Маврово – Дебар и Катланово - Велес. Аеродормската писта на скопскиот аеродром „Александар Велики“ од утринава е оспособена за полетување и слетување и има услови за нормално сообраќање.

Првото полетување е предвидено за девет часот, а првото слетување за 12 часот и 45 минути, информираат од скопскиот аеродром. На аеродоромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид за денеска не се предвидени полетувања и слетувања, но во тек се активности за обезбедување услови во случај да има потреба за негово користење.

Отежнато и со задоцнување од половина час сообраќаат меѓуградските автобуси. Забавено сеодвива и железничкиот сообраќај. Меѓународниот воз од Белград пристигна со задоцнување од еден час, а доцни и возот од Солун.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika