Вести

  • |

Нетпрес, 17.03.2010


Поради суша испукала пистата на меѓународниот аеродром во Кина


Поради големите суши и се погустиот распоред на слетувања и полетувања на авионите, пистата на меѓународниот аеродром “Кинминг” во југозападната кинеска покраина Јунан испукала на неколку места, пренесуваат светските агенции. "Сушата е особено голема оваа година во Јунан, нивото на подземните води опаѓа, а на пистата е постигнат оперативен капацитет поради кој нејзината површина испукала" изјавил заменикот на генералниот директор Пу Шанлеј за државната новинска агенција Синхуа. Пистата поради санирање ќе биде затворена секој работен ден од полноќ до 7,30 часот наутро, а работите ќе траат и следниот месец, пренесува Ројтрес.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika