Вести

  • |

Дневник, 27.03.2010


Почна четиридневниот штрајк на помошниот персонал на „Бритиш Ервејз“


Помошниот персонал и членовите на екипажите на авионите на „Бритиш Ервејз“ од полноќ почнува нов четиридневен штрајк, јави МИА.Првиот штрајк на вработените од најголемата британска авионска компанија, во траење од три дена, се одржа минатиот викенд и предизвика сериозни нарушувања на летовите на „Бритиш Ервејз“ од и кон Лондон.Лидерите на синдикатот „Унита“, кој го организира штрајот, и раководството на „Бритиш Ервејз“ вчера потврдија дека во меѓувреме немало никаков контакт, ниту се правени обиди да се спречи одржувањето на овој втор штрајк, по само една недела од одржувањето на првиот.Синдикатите и натаму остануваат на заканата дека доколку не се најде решение тие ќе организираат уште штрајкови во текот на април.Новиот штрајк ќе предизвика нови пробелми за компанијата и за бројните патници, затоа што голем број предвидени летови на внатрешните и на надворешните линии ќе мора да бидат откажани. „Бритиш Ервејз“, сепак, соопшти дека со помош на обучениот помошен персонал, како и на „резервните“ стјуардеси и стјуарди, компанијата ќе успее да одржи 65 отсто од летовите што се планирани за деновите на штрајкот.Синдикатот ја обвини управата на компанијата дека се обидува да го „скрши отпорот на синдикалното членство“, откако „Бритиш Ервејз“ им го укина правото на бесплатно летање на сите од кабинскиот персонал кои штрајкуваа минатата недела.Извршниот директор на „Бритиш Ервејз“, Вили Волс вчера изјави дека компанијата не води војна со синдикатот и дека нивните обвинувања „се без основа“, но потврди дека нема да биде обновено правото за беспластно патување за штрајкуваќите, објаснувајќи дека тие го знаеле тоа уште пред штрајкот.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika