Вести

  • |

Нетпрес, 21.03.2010


Пронајден експлозив во индиски авион


Во авионот што слетал на аеродромот во еден град во јужната индиска држава Керали бил пронајден експлозив, но се уште не е утврдено дали експлозивот бил планиран да биде активиран во текот на летото, соопштува индиската полиција. Сумливиот пакет долг 20- тина сантиметри бил пронајден во една торба во багажникот откако патниците го напуштиле авионот, а стручните лица потврдиле дека станува збор за експлозивна материја, за Ројтерс изјавил функционерот на градската полиција Аџит Кумар. Според неговите зборови, постоело можност експлозивот да бил подметнат на самиот аеродром, откако авионот слетал. Индија во последно е се повеќе изложена на закани и напади на екстремисти. Во експлозијата во западниот град Пун во февруари оваа година загинале 16 луѓе што до сега е најголем напад после Мумбаи во 2008 година кога биле убиени повеќе од десет луѓе.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika