Вести

  • |

Вечер, 19.03.2010


Ревизорски извештај за работењето на агенцијата за Цивилно воздухопловство - УЦВП во 2001 г. продала објект, но не ги добила парите


Фирма ангажирана од УЦВП изградила објект во Скопје, но по раскинувањето на договорот изведувачот нашол заинтересиран купувач. Обврската на приватната фирма била откако новиот купувач ќе ги уплати парите, уплатениот износ да и биде вратен на УЦВП, но до денеска не е вратен целиот износ, со што е оштетен државниот буџет, утврдиле од Државниот завод за ревизија чешлајќи го работењето на АЦВ Од 2001 година до денес Управата за цивилно воздушна пловидба (УЦВП), а сега Агенција за воздухопловство, овозможила незаконско користење на средства од страна на приватна фирма што била ангажирана за изградба на администеративно-деловен објект на булеварот Јане Сандански" во Скопје. Во 2002 година тогашната УЦВП дополнително склучила уште два анекс-договри и уште еден договор за здружување средства за инфраструктурно обезбедување на деловниот простор, при што за овој објект ислатила средства во износ од 1,7 милиони евра. Во септември 2004 година УЦВП склучила спогодба со приватната фирма со која претходно склучените договори ги раскинува и се согласува оваа фирма да си најде заинтересиран купувач со кој ќе потпише купопродажен договор. Обврската на приватната фирма била откако новиот купувач ќе ги уплати парите, уплатениот износ да и биде вратен на УЦВП. Овој објект го купува Министерството за економија за 2,1 милион евра, но фирмата иако ги добила парите, целосно не и ги вратила на УЦВП и заклучно со 2005 година уплатила само 845 илјади евра. Во јуни истата година тогашниот директор на УЦВП потпишал изјава за компензација и го намалил вкупниот долг кој изнесува 466 илјади евра. Со оваа компензација УЦВП прифатила да ја плати пресметаната камата од страна на фирмата без да има правосилен акт од суд, што е спротивно на одредбите од склучената спогодба. Дури од Заводот за вештачење од ноември 2006 година УЦВП добила мислење дека не и должи на фирмата 400 илјади евра по основ на задоцнето плаќање и оттогаш Управата започнува судски спор со фирмата за наплата на своето побарување 870 илјади евра и тој спор се уште нема судска разрешница. Овој случај вчера го обелодени Државниот завод за ревизија чешлајќи го работењето на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2008 година кога со неа раководелеле директорите Ернат Фејзулаху и Зоран Крстевски. - Почнувајќи од 2001 година до денес Агенцијата овозможила незаконско користење на средства од страна на приватната фирма која остварила имотна корист од тоа, а на сметка на Буџетот. Оваа состојба дополнително е влошена и со бавните судски постапки - се вели во ревизорскиот извештај. Од страна на ревизорите се забележани голем број неправилности при водењето на сметководството во Агенцијата, при што е утврдено дека кај некои склучени договори недостасуваат фактури или сметки од добавувачите како потврда за оправданоста на извршените плаќања. Интересно е што вкупните трошоци за мобилна телефонија во 2008 година изнесуваат 45 илјади евра, но ревизорите не биле во можност да утврдат кои лица користеле службен мобилен телефон и дали одбиените пречекорувања одговараат на дозволените ограничувања. Ревизорите не можеле да се уверат дали исплатените средства за набавка на гориво за службените возила во износ од околу 90 илјади евра биле искористени за обавување на службени потреби и немало евиденција кои лица ги користеле. Од страна на ревизорите е искажан сомнеж каде завршувале средствата што се наплатувале во готово за слетување и осветлување од одделни авиокомпании кои немаат редовни авиолетови.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika