Вести

  • |

МИА, 09.03.2010


Седум европски земји ќе го финансираат производството на авионот А400М


Седум европски земји постигнаа договор за доделување на 3,5 милијарди евра на Европскиот конзорциум за производство на летала и воена и вселенска опрема (ЕАДС), со кои би се спасила програмата за производство на воениот транспортен авион „Ербас А400М“. Во заедничкото соопштение на Белгија, Велика Британија, Германија, Луксембург, Турција, Франција и Шпанија, се наведува дека овие дополнителни финансиски средства се неопходни за успешно завршување на проектот. „Ербас“, кој функционира во рамките на ЕАДС, од своја смета дека овие дополнителни средства претставуваат солидна основа за успешна реализација на проектот за авионот А400М. Проектот за производство на овој транспортен авион, во кој се ангажирани 10.000 работници, се најде пред колапс по повеќегодишно одлагање на неговата реализација, при што беа создадени загуби од 5,2 милијарди евра. Проектот беше инициран пред пет години, при што седумте држави кои сега го спасуваат, нарачаа 180 модели на А400М. Првично се проценуваше дека целиот проект ќе чини околу 20 милијарди евра, но по дополнителните ревизии беше утврдено дека за негова успешна реализација ќе бидат потребни уште најмалку пет милијарди евра. Со дополниелната финансиска помош сега се предвидува конечно стартирање на проектот, при што првиот авион би требало да и биде испорачан на Франција во 2013 година. Авионот „Ербас А400М“ има четири турбо-елисни мотори од по 11.000 коњски сили. Предвидено е тој да има радиус на дејство до 6.400 километри и да може да понесе товар до 37 тони. Максималната брзина на движење би требало да изнесува 780 километри на час а авионот би летал на максимална височина до 12.000 метри.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika