Вести

  • |

А1, 19.03.2010


Синдикатот на контролата за летање бара модернизација на системот


Авионите на македонското небо се контролираат со застарена опрема која под итно мора да се смени. Вака контролорите на летање му се пожалија на евроамбасадорот Фуере, не прецизирајќи дали е загрозена безбедноста на авиосообраќајот. Побараа тој да лобира кај надлежните за да се модернизира системот, операција тешка околу 11 милиони евра.„Системот е веќе застарен и мора да дојде до негово обновување или набавување на новите системи“, вели Милорад Миловановиќ - синдикат на контрола за летање - МНАВ.На само половина час пред да отпатува за Брисел, Фуере истакна дека по она што го видел сепак се чувствува безбеден да патува од скопскиот аеродром но вети дека ќе се заложи кај Владата да се подобрат состојбите.Ерван Фуере Синдикалците се пожалија и на партиски притисоци со трдења дека во последно време во контролата се случуваат нелогични вработувања и покрај тоа што претходно Владата издејствува да им се скусат платите на дел од вработените.„Кога станува збор за безбедноста политичката припадност не смее да има никакво влијание, за жал ова е уште еден сектор каде согледуваме одредени политички влијанија и поради тоа ова треба да е уште една причина за да се охрабри Владата за професионализација на вработените во овој сектор“, изјави Ерван Фуере - амбасадор на ЕУ во РМ.Според синдикатот годинава контролата за летање ќе ја заврши со загуба од 1,3 милиони евра, велат дека тоа го покажувале пресметките на Управниот одбор со кого немале солидна комуникација.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika