Вести

  • |

Дневник, 02.03.2010


Слета и третиот противпожарен авион


Последниот од трите противпожарни авиони „АТ 802“ што Дирекцијата за заштита и спасување на Македонија ги купи преку шпанската фирма „Ер трактор“ слета завчера на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје. Со тоа се комплетира македонската противпожарна ескадрила, за која се очекува да биде оперативна летово. Во најскоро време се очекува седумтемина пилоти да заминат на обука во Шпанија, каде што ќе учат како да летаат со новите противпожарни авиони.

Летачките трактори ги управува еден пилот, но поради тешките услови во кои тие работат, секогаш треба да има резервни пилоти. Покрај пилотите се избрани и координатори, авиоинженери, авиомеханичари и авиодиспечери. Обуката најверојатно ќе заврши во април 2010 година, со што Македонија нема да помине уште едно лето неподготвена за борба со огнените стихии, како што беше случајот со 2009 година.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika