Вести

  • |

Вечер, 27.03.2010


Со летниот ред на летање на Скопскиот Аеродром- Седум нови авиокомпании гости на Александар Велики


Во претстојната летна сезона ќе има зголемување на воздушниот сообраќај на скопскиот аеродром Александар Велики. Седум нови авиокомпании ќе летаат од скопскиот аеродром со новиот летен ред на летање што започнува од утре и ќе важи до крајот на октомври. Станува збор за швајцарската авиокомпанија Edelweiss Air која четири пати неделно ќе носи патници од и до Цирих. Четири пати во неделата кон Цирих ќе лета и компанијата Хелветика. Директна линија Скопје-Рим ќе воспостави италијанската компанија Meridiana која ќе лета секоја сабота на оваа релација. Два пати во неделата Скопје-Амстердам ќе лета холандската авиокомпанија Transavia, а исто толку летови овој превозник ќе обавува на релација Охрид-Амстердам. Новите стопани на двата домашни аеродроми, туркиот концесионер ТАВ кој од први март ги презеде Александар Велики и Св. Апостол Павле, привлече четири нови авиокомпании од Турција да летаат од скопскиот аеродром. Така, по два пати во неделата Скопје со туристичката мека Анталија ќе ги поврзуваат турските авиокомпании Sunexpress, Corendon airlines i Tailwind airlines. Исто така, турската авиокомпанија Lotus Air ќе обавува по 10 летови на релација Скопје-Хургада. Со летниот ред на летање, најмногу летови - 54, му се одобрени на домашниот авиопревозник Airlift service кој ќе обавува летови кон Цирих, Рим, Виена, Дизелдорф, Истанбул и Брисел. Вкупно 42 летови му се одобрени на црногорскиот авиопревозник Montenegro airlines кој секојдневно ќе лета на релација Скопје-Подгорица. Српската авиокомпанија ЈАТ airways со летниот ред на летање доби 29 летови и тоа 28 на релација Скопје-Белград, а во вторниците ќе лета и од Охрид. На словенечката авиокомпанија Adria airways и се одобрени 23 летови на релација Скопје-Љубљана, 16 пати во неделата Croatia airlines ќе лета Скопје-Загреб, а 14 пати неделно летови ќе има Malev на дестинацијата Скопје-Будимпешта. За Виена 11 пати неделно ќе лета Austrian airlines, по седум пати во неделата ќе летаат Turkish airlines кон Истанбул и Czech airlines кон Прага. Шест пати неделно ќе лета и Булгариа аир кон Софија. Карго летови од Скопје кон Софија и Тирана со летниот ред на летање ќе има и авиокомпанијата Air Max на која и се доделени вкупно 10 летови неделно.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika