Вести

  • |

Алфа ТВ, 10.03.2010


ТАВ или власта, кој изуми да набави средство за одмрзнување?


Техничките служби на Александар Велики, кој од први март е под контрола на турски ТАВ останаа без течност која се употребува за да се спречи замрзнување на крилата на авионите. Вработени на аеродромите кои сакаат да останат анонимни за Алфа ја потврдија информацијата, која е главната причина поради која и утрината не биле реализирани летовите на Малев, Бритиш Ервејс и Јат Ервејс. Синоќа поради истите причини биле откажани уште три полетувања. Без проблеми се лета во текот на денот кога температурите се повисоки. Се правеле напори средството да се обезбеди до вечерва но се` уште било неизвесно. Раководството на ТАВ Македонија и натаму тврди дека нема проблеми. Директорот на Александар Велики, Алтар Ерзои преку неговата секретарка за Алфа ги демантираше информациите и одби да даде изјава. Во недостиг на официјален став, со реакција се јави министерството за транспорт и врски. Оттаму велат дека аеродромите немале проблем со течноста за одмрзнување, но за секој случај, поради неповолните временски услови се правела интервентна набавка на дополнителни количини. ТАВ ги презеде двата аеродрома на први март со обврска целосно да ги модернизира. За возврат ќе оперира со нив во наредните 20 години. Договорот за концесија и натаму е тајна за јавноста.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika