Вести

  • |

Алфа ТВ, 20.03.2010


Фуере: Политиката надвор од авиосообраќајот


Политиката да не се меша во воздухопловството а власта да преговара со синдикатот за да се обезбедат оптимални безбедносни стандарди во авиосообраќајот, порача евроамбасадорот во земјава Ерван Фуере. Тој денеска лично се увери дека на системот за контрола на летање му е потребна итна модернизација. Ги слушна поплаките на синдикалците но не и ставовите на управниот одбор кои не го удостоија со средба. И покрај условите во кои се увери, тој изјави дека моѓе мирно да полета кон Брисел: „Многу често летам од Скопје, можам да кажам дека се чувствувам безбедно во контекст на работата која ја вршат контролорите за што им се восхитувам. Межутоа во една ваква дејност мора да постојат оптимални стандарди. Затоа е потребна соработка на владата и синдикатот, бидејќи безбедноста е приоритет. За жал и овде има политички влијанија, но тие мора да бидат ограничени. Ја охрабрувам владата да се грижи за професионализација на овој сектор“, рече Фуере.Синдикатот предупредува дека навигацискиот систем е застарен. Според нивните пресметки во моментов се потребни најмаклку 11 милиони евра за набавка на нов. За безбедноста, не можеле да даваат оценки бидејќи за тоа биле надлежни посебни служби. Синдикалците се жалат дека во услови на проекции за годишен минус од 1,3 милиони евра и намалени плати на дел од вработените заради заштеди раководството продолжува со нови вработувања по партиска и роднинска линија.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika